Лефков: Буџетот за 2025 година носи економска трансформација на Македонија
Според Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ, Буџетот за 2025 година кој го предлага Владата на ВМРО-ДПМНЕ е развоен и има за цел економска трансформација на Македонија.
Со Буџетот, оценува тој, се има за цел да се подржи економскиот раст, кој е проектиран на 3.7%.
За разлика од времето на СДС и ДУИ, со напорна работа на Владата на ВМРО-ДПМНЕ за само неколку месеци имаме реално зголемување на приходите од даноци и царини уште оваа година, а тоа е проектирано да се прелее и во 2025 година, додава пратеникот.
Со Буџетот, како што вели се проектира раст на приходите од ДДВ за 10.5% повеќе од сега. Додека растот на приходите од царини ќе биде 20%.
„Зголемените приходи во Буџетот ќе значат повеќе пари за народот. Владата на ВМРО-ДПМНЕ за 2025 година со буџетот предвидува повисоки плати за наставниците и образовните работници од основното до високото образование. Ќе има повеќе за сите. Покачување ќе добијат и здравствените работници, државната администрација и полицијата. Во 2025 година следува и второто зголемување на пензиите од 2500 денари за сите пензионери. Покрај тоа што Владата зголемува во делот на средствата кои одат директно кај народот, истата проектира намалување во ставката набавка на стоки и услуги за 0.5%. 2025 година ќе биде развојна година, со многу инвестиции, развој на компаниите и зголемена благостојба за граѓаните“, нагласува тој.
Владата, потсети, договори 8 нови странски инвестиции, кои се договорени за помалку од 5 месеци. Темпото за нови инвестиции продолжува и во 2025 година.
ВМРО-ДПМНЕ работи на забрзана трансформација на државата, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа