Леден бран среде мај: Снег утрово побеле делови од регионот
Иако веќе е пролет, од вчера снег го побеле Пријепоље, поточно планинскиот превој „Јабука". На 1.250 метри надморска височина, утрово се е бело, како да е зима.
- Снегот почна да паѓа рано наутро, а температурата се спушти на само еден степен над нулата. Возачите се изненадени од глетката, велат мештаните за српските медиуми.
Послаб снег утрово вее и на Копаоник, а облачно, ладно и врнежливо е во цела Србија.
16.05.2025 - 09:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа