Лазаров: Сакам модерен ракомет, младите да преземат и јас да не морам да играм

 

Ракометарот Кире Лазаров ќе го води националниот тим во квалификацискиот двомеч против Данска, а веќе од понеделник ќе ги поведе и тренинзите. 

„Ова за мене е селекторско деби во Македонија. Ни доаѓа селекцијата на Данска, двократен светски и олимписки првак. Ние сме некомплетни во моментов, но в понеделник ќе дојдат останатите, а ќе задоцни само Жарко Пешевски поради клупски обврски. Имаме доволно време да се подготвиме, а овие два дена ќе ги искористам за работа со домашните играчи. 

Сакам модерна Македонија, ова е ракометна нација. Ги познавам недостатоците од минатото, иако сме во смена на генерации мора да рабоите чекор по чекор. Јас и соработниците сме подготвени, имаме план за Данска и за иднината, но било каков резултат не смее да не разочара. 

Ако зборувам искрено, би бил пресреќен да не играм и да го градиме тимот околу младите. Сепак, со оглед на нашите цели, ќе мора да се проценува кога да бидам на теренот, а кога не. Подготвен сум на сè, изминатите десет години секогаш бев „десна рака“ на селекторите. Посакувам и верувам дека ќе стигнеме до целите“, изјави Лазаров.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2021 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега