Кузеска: Наместо решение за работниците, ВМРО-ДПМНЕ води валкана кампања против синдикатите

 

ВМРО-ДПМНЕ нема пари за работниците, но има пари за папаја, манго и лосос, за приватни авиони и непродуктивни трошења. Наместо да ја зголеми минималната плата, Владата избира да манипулира – да го оцрнува синдикатот и да измислува лаги за политички координации со СДСМ, само за да избегне одговорност, истакна портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција.
 
Наместо решение за работниците, ВМРО-ДПМНЕ води валкана кампања против синдикатите, обидувајќи се да го сврти вниманието од вистинскиот проблем – ниските плати и галопирачките трошоци за живот, рече Кузеска.
 
„Оваа влада нема допир со реалноста. Додека граѓаните се борат со сметки и мизерни плати, тие продолжуваат да штитат интереси на богатите, оставајќи ги работниците на работ на егзистенција.
 
Колку и да се трудат да ја свртат приказната, вистината е јасна – ВМРО-ДПМНЕ не сака да ја зголеми минималната плата и затоа ја оцрнува секоја синдикална борба“, посочи Кузеска.
09.03.2025 - 13:56

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега