Кремљ: Нуклеарните авиони на Макрон нема да ја зголемат европската безбедност

 


Кремљ ги критикува коментарите на францускиот претседател Емануел Макрон, дека Париз е отворен за распоредување воени авиони со нуклеарно оружје во други европски земји велејќи дека тоа нема да ја зголеми безбедноста на континентот.

„Американците имаат бомби во авионите во Белгија, Германија, Италија, Турција“, изјави Макрон за француската телевизиска станица „ТФ 1“. „Подготвени сме да ја отвориме оваа дискусија. Ќе ја дефинирам рамката на многу специфичен начин во наредните недели и месеци“, рече тој.

Кога беше прашан за коментарите на Макрон, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека „пролиферацијата на нуклеарно оружје на европскиот континент не е нешто што ќе додаде безбедност, предвидливост и стабилност“.

„Во моментот целиот систем на стратешка стабилност и безбедност е во жална состојба од очигледни причини“, рече Песков.

Макрон првпат ја изнесе идејата за проширување на заштитата на нуклеарниот арсенал на Франција во други европски земји во март. Кремљ во тоа време изјави дека ова претставува француско барање за „нуклеарно водство во Европа“ и го нарече „многу, многу конфронтативно“.

14.05.2025 - 13:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега