Краделе што им дојде при рака - МВР уапси крадци

 

Две лица се приведени од страна на македонската полиција, под сомнение дека се извршители на повеќе кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“ по член 235 и член 236 од Кривичниот законик.

МВР информира дека околу 14 часот вчера, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода З.Џ.(23) од селото Желино, тетовско и А.А.(47) од Тетово.

При претреси во нивните домови и помошни простории во селото Желино, Тетово и во селото Озормиште, извршени со судска наредба, биле пронајдени предмети, разновиден алат и машини за домаќинство за кои постои сомнение дека потекнуваат од над 10 кражби и тешки кражби извршени во куќи, објекти и плацеви на подрачјето на општина Желино.

Предметите биле одземени и ќе им бидат вратени на сопствениците. З.Џ. и А.А. биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

13.02.2025 - 10:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега