Драма во Македонија: Врата падна врз осумгодишник и тешко го повреди
Страшна несреќа се случила во Македонија кога врата паднала врз осумгодишно дете и го повредила.
Вчера во СВР Тетово било пријавено дека околу 14 часот и 10 минути во кругот на станица за технички преглед во Тетово, осумгодишник од Тетово се играл и ја влечел влезната врата, која притоа се откачила од шините и паднала врз него.
Детето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.
За настанот бил известен и јавен обвинител.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
13.02.2025 - 11:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа