Спремајте топла облека: Од понеделник снег и пад на температурите

 


Времето утре и за викендот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и локална појава на краткотраен дожд. Утре ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4 степни, а максималната од 4 до 12 степени. 

Како што информира денеска УХМР, во новата работна седмица времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во некои од пониските места со врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2 степена, а максималната од 0 до 8 степени.

13.02.2025 - 12:47

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега