Одекна силна експлозија во познат шопинг центар, има загинати и повредени
Утринава одекна силна експлозија во шопинг центар во градот Тајчунг во централниот дел на Тајван, соопшти пожарникарската служба, додавајќи дека се сомнева дека станува збор за експлозија на гас, пренесува Ројтерс.
Медиумите пренесуваат дека противпожарната служба соопштила дека 10 лица се хоспитализирани, од кои четворица не даваат знаци на живот, пренесе АП.
Експлозијата се случила на 12 кат од центарот Шин Конг Мицукоши во градот Таичунг, а оштетена е и фасадата на стоковната куќа.
13.02.2025 - 09:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа