„Голф“ излета од патот кај Ново Село, возачот тешко повреден

 


Вчера во 14.05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на  магистралниот пат Кичево-Охрид, кај девијација с.Ново Село, општина Дебрца, патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(34) од Струга, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

13.02.2025 - 12:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега