Комунистичката партија на Македонија ќе го прави Вардар пловен од Ѓорче до Лисиче

Кандидатот за градоначлник на Скопје од Комунистичката партија на Македонија – Титови сили, Горан Арсовски во вечерашната дебата на ТВ 24 рече дека доколку тој стане градоначалник на Скопје, ќе го направи Вардар пловен.
-Ќе го направиме Вардар пловен од Ѓорче Петров до Лисиче и на граѓаните ќе им понудиме бродски транспорт, рече Арсовски.
29.09.2021 - 14:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









