Кочанчани со јајце ја гаѓаа куќата на нивниот градоначалник

 

Граѓаните што протестираа во Кочани од пред Јавното обвинителство и Основниот суд во Кочани, се упатија кон домот на градоначалникот во оставка Љупчо Папазов. Попатно беше демолирано возило на Карго експрес, компанија за која сопственикот на дискотеката „Пулс“ е претставник за Кочани.  

Лицата што протестираа го пробија корднот полицајци пред домот на Папазов, бараа одговорност, а неговата куќа беше гаѓана со јајца и камења. 

На денешниот протест во Кочани граѓаните, меѓу кои и многу млади лица, побараа правда за своите блиски кои ги изгубија во пожарот и виновниците да ги добијат казните што ги заслужуваат

17.03.2025 - 18:07

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега