Коцевски: Започнуваме битка за правда во Македонија, нема повеќе да има недопирливи во судството

 

Во синоќешното издание на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, пратеничка група“, гостуваше пратеникот Зоран Коцевски, кој во фокусот ја стави темата за интерпелациите на членовите  на Судскиот совет, притоа стави акцент на значењето на  интерпелацијата за македонската јавност и за судството во Македонија, како и дека оваа активност ќе придонесе за враќање на интегритетот и угледот на судството.

„Започнавме со декриминализација на целиот правосудниот систем, почетокот е петте члена на Републичкиот судски совет, оние “истакнати“ правници кои беа избрани од СДС и од ДУИ. Значи отпочнуваме една битка за правда во Република Македонија, бидејќи од Републичкиот судски совет почнува се, почнува секоја правда и тука завршува се“, истакна Коцевски.

Пратеникот Коцевски потенцираше дека потребно е членовите на судскиот совет да си поднесат оставка и да одговараат за непрофесионалното работење во својата дејност.

„Ние тој чин мораше да го направиме,  едноставно како што кажав на почетокот, се што е во наша моќ и надлежност законска, ние ќе ја направиме во Собранието на Република Македонија и ги повикувам другите институции,  да влезат во тој објект на Републичкиот судски совет и да отворат некои фиоки и мислам дека не само овие пет членови кои ние ги изгласавме, интерпелациите за овие пет членови, туку и некои други членови на Републичкиот судски совет, ќе си поднесат оставка и не само што ќе си поднесат оставка ќе одговараат за незаконското работење во Републичкиот судски совет, меѓутоа и во целиот правосуден систем вклучувајќи го и обвинителството“, вели Коцевски.

 Во поткастот Коцевски истакна дека повеќе нема да има недопирливи пред законот, дека тоа ќе остане во минатото, затоа што власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ се бори против чуварите на криминалот во судството, односно отпочнува битка за правда во државата.

„Тие мислат дека се недопирливи, меѓутоа со новата власт предводена од  ВМРО-ДПМНЕ нема да има недопирливи, тоа се виде во изминатиот период, а можеби изгледа дека малку побавно се случуваат работите,  меѓутоа и граѓаните можат да видат какви се работи се случуваат и овие примери што ги кажуваме со што се соочува Република Македонија и кој ја предводи таа судска власт, обвинителска власт и така натаму, не е едноставно, тие се измешани меѓу себе, се штитат едни со други, меѓутоа недопирливи нема да има, недопирливи не смее и нема да има како што покажавме во изминатиот период“, рече Коцевски.

15.03.2025 - 10:35

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега