„Ќе влеземе во Собранието и ќе ве убиеме сите што сте за Бугарите“ – Гаши добил закани по живот

 

Собранискиот спикер Африм Гаши преку електронска пошта добил закани по живот по вчерашното интервју на „360 Степени“.

Во пораката, како што објави медиумот, се вели дека „ќе има бесење и колење на сѐ бугарско, фашистичко“ и дека ќе влезат во Собранието и ќе ги убијат сите што се за Бугарите, ако се усвојат уставните измени.

Како што информираат од кабинетот на Гаши, заканите веднаш биле пријавени во МВР.

-Уставни измени никогаш, никогаш, никогаш да има, ќе има бесење и колење и убивање на сè бугарско, фашистичко. Тие се фашисти и нивното место е на бесилка, да се лекуваат од болеста што ја имаат. Само пробајте, ќе ви влеземе во Собрание и ќе ве убиеме вас ш*****ски к*чиња кои сте за Бугарите, само смрт, стои во електронската порака испратена на службениот мејл на спикерот.

Инаку, Гаши синоќа во интервјуто за „360 степени“ рече дека по изборот на нова влада во Бугарија може да се пристапи кон решавање на спорот, но оти не може веднаш да се очекува некој голем успех во разговорите.

-Гледајќи на овој проблем низ призма на заеднички интерес и на двете држави и на двата народа, македонскиот и бугарскиот, во смисла на регионална сигурност, мислам дека е од заеднички интерес да пристапиме кон решавање на овој спор. Односно, да се тргне бугарското вето за отворање на преговорите на нашата земја со ЕУ. Мислам дека Бугарија ништо не губи, напротив, јас сум убеден дека тие добиваат, но само треба да чекаме малку време да спласне тензијата, да се разговара на масата со аргументи. Да го сфатат и нашиот контекст. И мислам дека САД и Брисел, ако помогнат малку, убеден сум дека уште малку ни треба да се одврзе овој јазол“, истакна Гаши.

18.02.2025 - 14:33

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега