Ќе се гради жичара од Капиштец до врвот на Водно
Ивица Томовски при своето гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1, зборуваше за планови за изградба на втор дел од жичницата од Капиштец до врвот на Водно, како и заживување на комплексот „Македонско село“. Почетната сума за комплексот ќе изнесува 240 милиони денари.
- „Од 2019 година до сега, поради неактивноста на комплексот и ненаплатената кирија, како и трошоците за обезбедување и осигурување, државата изгубила повеќе од 20 милиони денари. Кога првпат споменав дека сакам да го заживеам селото, имаше многу заинтересирани. Ако претходно не било исплатливо, зошто сега има толку многу заинтересирани да управуваат со тој објект, вели тој.
Во план е и изградбата на вториот дел од жичницата.
- „Проектот за вториот дел од жичницата е во надлежност на Министерството за транспорт и врски и ќе се гради од ‘Св. Јован’ во Капиштец до Средно Водно. Така ќе го поврземе градот со врвот и Средно Водно,“ вели тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа