Кинезите лути на Американците: Доста не дискриминирате за чиповите
Пекинг го повика Вашингтон веднаш да ги суспендира своите „дискриминаторски“ мерки откако САД издадоа упатства со кои им советуваат на компаниите да не користат напредни компјутерски чипови од Кина, вклучително и оние од кинескиот технолошки гигант „Huawei“.
Овој потег на САД сериозно го поткопува консензусот постигнат на билатералните разговори во Женева, се предупредува во соопштението на кинеското Министерство за трговија, кое вети дека ќе возврати со „решителни мерки“ доколку Вашингтон продолжи „значително“ да им штети на кинеските интереси.
Американското Министерство за трговија минатата седмица издаде упатства со кои ги предупреди компаниите дека користењето кинески чипови може да ги прекрши контролите за извоз на САД.
„САД ги злоупотребуваат мерките за контрола на извозот и наметнуваат построги ограничувања на кинеските чипови врз основа на неоправдани обвинувања… Кина цврсто се спротивставува на ова“, соопшти кинеското министерство.
„Кога фрлате иглички под нозете на другите, тоа не значи дека и самите ќе трчате побрзо“, додаде министерството, предупредувајќи дека потегот на Вашингтон на крајот би можел да ѝ наштети на конкурентноста на американската индустрија.
Коментарите дојдоа откако Кина и САД постигнаа неочекувано 90-дневно примирје во царините на трговските разговори во Женева претходно овој месец, кога двете страни се согласија драстично да ги намалат троцифрените царини што претходно ги воведоа една на друга, додека се обидуваат да постигнат долгорочен договор.
Кинескиот заменик-министер за трговија Ли Ченгганг и американскиот трговски претставник Џејмисон Грир, кои исто така учествуваа на разговорите во Женева, се сретнаа и минатата недела на маргините на состанокот на Азиско-пацифичкиот форум за економска соработка во Јужна Кореја. Ниту едната страна не објави соопштение за деталите од тој разговор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа