Кифлички со вода по кои сите се грабаат: Благодарение на овој трик, тие ќе бидат меки како душа
Ви треба:
500 г брашно
300 мл млака вода
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
1 кесичка сув квасец (7 г)
По желба: сусам или ким за посипување
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Растворете го квасецот во вода со шеќер, па оставете 10 минути да се активира.
Потоа додадете сол и постепено брашно, мешајќи додека не добиете меко, мазно тесто.
Покријте со крпа и оставете на топло место еден час да нарасне.
Потоа замесете го нараснатото тесто и поделете го на 2 топчиња.
Секое топче расукајте го во круг и исечете го на триаголници, па расукајте ги во ролни.
Наредете ги на плех обложен со хартија за печење и наросете ги со сусам.
Печете ги ролните 20 минути, во рерна претходно загреана на 200 степени.
Потоа извадете ги и покријте ги со чиста крпа, и оставете ги така 10 минути.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа