Кавадарци: Уапсени дилер и купувач на дрога, запленета марихуана и кокаин
Вчера во 19.00 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ѓ.П(23) од Кавадарци затоа што кај него биле пронајдени и одземени зелена тревкаста и бела прашкаста материја. Подоцна, по добиени оперативни сознанија дека дрогата ја купил од Т.С.(41) од Кавадарци, на 12.05.2025 со судска наредба бил извршен претрес во домот и помошни простории на Т.С., при што била пронајдена и одземена зелена тревскаста материја, по што и тој бил лишен од слобода.
Ѓ.П и Т.С. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа