Касами: САД потврдија - ДУИ се потопени во корупција, не можат да ја покријат со шатори

 

„Денеска беше потврдено и од нашите стратешки партнери дека многу функционери на ДУИ се потопени во корупција. Соединетите Американски Држави го прогласија Артан Груб за персона нонграта. Ова е уште еден доказ за кој повеќепати кажавме дека ДУИ прави шоу за да се спаси во секој случај, дури и неодамна со шаторите се обидуваат да ја покријат корупцијата и не е доцна за албанскиот јазик!“, реагира градоначалникот на Тетово и лидер на БЕСА, Билал Касами, откако Груби и судијата Беџети завршија на црната листа на САД. 

Сега ќе има ли ноќна стража пред американската амбасада во Скопје?

Ти благодарам Артан!, напиша Касами на ФБ. 

09.12.2024 - 20:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега