Касами пушти во употреба нова улица: Закачи албански знамиња, ниту едно македонско

 

Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами ја пушти во употреба реконструираната улица Радован Цониќ, позната како „Улица на бутиците“ при што беа истакнати само знаменца на Албанија. Станува збор за улица со должина од 400 метри, каде наместо бетонски плочки беше поставена калдрама, нови клупи, канделабри и млади дрвца. Се работеше и на нова канализација и подземна инфраструктура за поставување кабли.

– Поважно од тоа што промовираме уште еден инфраструктурен проект е тоа што овој проект, ја враќа автентичноста на Тетово, културните вредности што ги имаше Тетово во минатото. Оваа улица е поплочена со калдрма, која е позната во минатото на градот Тетово, која за жал во неконтролираниот раст на градот во последните 30 години се изгуби тој лик на Тетово. Затоа сме среќни што промовираме таков проект во центарот на Тетово, многу важна улица за економијата, се надеваме дека со оваа инвестиција ќе се врати динамиката во овој дел од градот. Инвестицијата е заедничка финансирана од европските фондови, меѓудржавна соработка меѓу Република … Македонија и Република Косово, поконкретно помеѓу градовите Тетово и Призрен – изјави Касами.

Касами ја пресече црвената лената придружуван од деца со албански народни носии, а на улицата имаше само албански знамиња, без македонско знаме.

Касами одговори на новинарското прашање зошто нема македонско знаме и македонски носии.

– Добра забелешка, во друг случај, во друга ситуација ќе го имаме – рече Касами.

Улицата Радован Цониќ се протега од зад Основниот суд до Музејот на тетовскиот крај (Меморијален музеј на народен херој Ѓоце Стојчевски-Амбарче) и ќе биде биде пешачка зона без сообраќај во текот на денот.

06.12.2024 - 17:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега