Камион влета во толпа деца, повредени најмалку 29 ученици


Камион влетал во толпа деца за време на демонстрации во Киргистан, јавува Анадолија.

Во несреќата повредени се најмалку 29 деца.

За време на настанот „Национален еп Манас“, кој се одржа на отворен простор во квартот Сузак, паркиран камион од непозната причина се спушти надолу и се заби во толпа луѓе.

Министерството за здравство на Киргистан соопшти дека се повредени 29 деца на возраст од девет до 16 години, а тројца од повредените се во тешка состојба.

По несреќата возачот на камионот е приведен.

Во изјавата за полицијата, возачот рекол дека донел сладолед на демонстрациите на кои присуствувале стотици луѓе и дека неговото возило се движело од, како што рече, непозната причина.

03.05.2024 - 15:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега