Калас по посетата: Неопходно е Скопје да продолжи напред по патот кон ЕУ
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија Каја Калас, по посетата на Скопје, порача дека Македонија припаѓа во европското семејство и оти е неопходно да продолжи напред по патот кон Европската Унија.
– Задоволство е да се биде во Скопје. Северна Македонија беше првата во регионот што потпиша партнерство за безбедност и одбрана со ЕУ – и првата што почна да ги користи придобивките од ншиот План за раст за Западен Балкан. Таа припаѓа во нашето европско семејство. Сега е неопходно да продолжи по патот кон ЕУ, напиша Калас на нејзиниот профил на платформата Икс.
Високата претставничка на надворешната и безбедносната политика на ЕУ за време на вчерашната посета на Скопје имаше средба со премиерот Христијан Мицкоски, учествуваше на отворањето на дијалогот за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Северна Македонија во рамките на Партнерството за безбедност и одбрана, а го посети и седиштето на Балканската медицинска наменска сила во касарната „Илинден“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа