Каков имот пријавил Беџети? - Судијата кој со Груби заврши на црната листа на САД
Судски совет го разреши апелациониот судија Енвер Беџети. Судскиот совет еднаш го казни парично Беџети кој 9 месеци го чуваше предметот Таргет Тврдина. Откако судијата се најде и на црната листа на САД лани, Судски Совет повторно отвори постапка против Беџети. Тој има право на жалба, но е суспендиран до правосилност на одлуката.
Беџети се најде на црната листа на САД заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби кој сега е во бегство. Беа посочени за мито при одлучување на Беџети во предмет за Сашо Мијалков односно за масовното нелегално прислушување. Предметот застаре откако предолго помина во рацете на Беџети.
На свое име пријавил дека има куќа во Пирок и куќа во Тетово која е подарок.
Пријавил и стан и деловен простор во Тетово во своја сопственост.
Има и земјоделско земјиште во Пирок.
Пријавил и возило Опел Астра и возила на семејството.
Во тоа време пријавил и два кредити.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа