ЈСП со важно соопштение по повод утрешниот празник

 


ЈСП СКОПЈЕ ги известува своите патници дека по повод празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, на ден 1.05.2025 година (четврток) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Жичницата ќе работи со вообичаено работно време, а дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар со работно време од 8 до 14 часот.


Истовремено, ве информираме дека од утре, четврток (01.05.2025 год.), Жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот.

Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичарницата во период мај – септември.

30.04.2025 - 13:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега