Јаневска: Училиштата се безбедни, децата се на сигурно

 

Училиштата се безбедни, децата се на сигурно. Она што треба да го направат е засилено да учат, порача денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Таа додаде дека според информациите со кои располага завршени се сите безбедносни проверки и во основните и во средните училишта и оти тие покажале дека се безбедни.

-Според информациите кои ги добиваме од Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) - училиштата кои се под ингеренции на општините веќе се проверени, државните кои се под ингеренции на МОН, исто така, се проверени и порака до родителите е дека тие се безбедни, рече министерката одговарајќи на новинарско прашање пред одржувањето на третиот Женски Економски Форум. 

Прашањето за безбедноста на училиштата се отвори по трагичниот настан во Кочани кога пожар изби во ноќен клуб во кој загинаа 59 лица, а над 200 беа повредени.

По настанот надлежните презедоа активности за проверка на угостителските објекти во државата, но и на државни инстутуции, межу кои и градинките и училиштата.

30.03.2025 - 13:07

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега