Ја нападнал сопругата и нејзиното семејство - мајката и братот со тешки повреди пренесени во болница
Вчера во 22:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.К.(37) од с.Таринци, општина Карбинци, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот на родителите на неговата сопруга физички ги нападнал неговата сопруга и нејзините брат, мајка и татко, при што употребил остар и тврд предмет.
Тие биле пренесени во Клиничка болница , каде што на мајката и братот на сопругата на С.К. им биле констатирани тешки телесни повреди.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 131 од Кривичниот законик.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа