Измерени темеператури во 14 часот - Македонија соборува рекорди

 


Македонија ги живее најтоплите денови ова лето, со температури кои денеска во 14:00 часот достигнаа екстремни вредности низ целата земја. Според мерењата на УХМР живата во термометарот се искачи до речиси 40 степени Целзиусови, најавувајќи уште потопол бран од утре.

Највисоки температури во 14:00 часот се измерени во:

Гевгелија: 41.1

Велес: 39.0

Зајечев Рид: 39.0

Куманово: 39.0

Демир Капија: 38.9

Во Скопје (Петровец) измерени се 37.8, додека во Штип е 37.5. Дури и во повисоките места, температурите се невообичаено високи, како на пример Крушево со 30.8 и Маврови Анови со 32.1.

24.07.2025 - 14:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега