Изгаснат пожарот кај кумановско Бељаковце по дводневната борба

 


Изгаснат е  пожарот кај кумановското село Бељаковце, со кој противпожарните служби се бореа два дена. Во гаснењето на пожарот беа вклучени четири екипи од територијалната противпожарна единица, припадници на Дирекцијата за заштита и спасување, вработени од „Национални Шуми“ и локално население.

- Пожарот беснееше два дена. Првиот ден од 16 часот, беше локализиран извесен период, подоцна повторно  се разгоре, поради ветрот, и вчера е изгаснат, околу три часот по полниќ, изјави заменик-командирот на ТППЕ Куманово Борис Станковски.

Во вечерните часови голем пожар избувнал и во кратовското село Димонце. За негово локализирање биле ангажирани екипа од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово и две екипи од ТППЕ Старо Нагоричане. Целосно е изгаснат и големиот пожар кој беснееше во селата Ругинце, Облавце и Сув Орах.

Во текот на вчерашниот ден пожар бил пријавен и во селото Отља, во општина Липково, како и во селото Тромеѓа каде што горело стрниште. Ноќеска, половина час по полноќ, интервенирано е и на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, каде што горел смет. Пожарот бил изгаснат за околу 30-тина минути, соопштуваат од РЦУК.

28.07.2025 - 10:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега