Избувнаа 28 пожари - 3 се уште се активни

 


Активни се три пожари на отворен простор од евидентирани 28 на територијата на државава во изминатото деноноќие, под контрола се пет, а 20 се изгаснати.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во општините Василево, Радовиш и Берово, поточно во село Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини, во прилепското село Бешиште, на место викано Бешишки Рид, друг крак кон село Градешница во општина Новаци и трет крак кон границата со Грција.Од ЦУК велат дека не се интервенира поради детонации. Активен пожар има и во селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен во општина Прилеп, како и во Галиште и Трстеник во општина Кавадарци.

Под контрола се пожарите во селото Грешница, помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа во општина Македонски Брод, помеѓу селата Драгоево и Селце во општина Штип, во селото Јунузлија во општина Карбинци, како и селото Ќосевица во општина Македонска Каменица.

30.07.2025 - 10:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега