Ивановски најавува темелна истрага: Од моето доаѓање во Финансиска полиција поднесени се 29 кривични пријави за 852 милиони денари штета
Директорот на Финансиската полиција, Слободан Ивановски во интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ изјави дека од неговото преземање на Управата за финансиска полиција, до денеска се поднесени 29 кривични пријави кои во себе вклучуваат штета од 852 милиона денари на буџетот .
Ова значи квалитативно работење. Сакам да кажам дека и во иднина, без разлика за која институција, за кој функционер станува збор, Управата за финансиска полиција ќе постапува и ќе го сработи секој предмет темелно, рече Ивановски.
Го посочи случајот со РЕК Битола.
„Имаме штета од околу 178 милиони денари, исто и ова со ХЕЈ имаме штета од 24 милиони денари. Значи сумите секогаш ќе нè водат нас во делот на тоа да дадеме акцент и приоритет на тие случаи. Невозможно е сите случаи да се изработат во еден момент, да се истражат, но, сепак, врз основа на нашата функција која што значи откривање, истражување и пријавување на кривични дела, мораме да дадеме приоритет на поголемите износи, на поголемите штети на буџет. Истовремено, таа штета да ја обезбедиме преку мерки за обезбедување на имотот“, вели Ивановски.
Ивановски нагласи дека Финансиската полиција е надлежна на кривичните дела „Перење пари“, „Недозволена трговија“, „Криумчарење“, „Даночно затајување“ и, како што посочи, „други кривични дела кои што во себе вклучувааат значителна противправна имотна корист“.
„Значителна значи 50 просечни плати. Тоа е некоја сума о два милиона денари минумум, па нагоре“, истакна Ивановски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа