Инцидент со мечка во тетовско: Изедено едно домашно животно, другото повредено

Центарот за управување со кризи информира дека во текот на денешниот ден, преку Единствениот број за итни повици Е-112, беа доставени следните известувања и пријави:
Пожар во куќа – населба Нерези, Скопје
Пријавен е пожар во куќа на ул. Демир Трајко, во скопската населба Нерези, во близина на основното училиште. Според првичната пријава, во објектот во моментот имало и лице.
Засега не се познати околностите кои довеле до избувнување на пожарот.
На терен беа испратени екипи на противпожарната бригада на Град Скопје итната медицинска помош и
оперативниот центар на СВР Скопје.
Според најновите информации од РЦУК Скопје, интервенцијата е успешно завршена, и нема повредени лица.
Пожар над село Јосифово, општина Валандово
Пријавен е пожар на отворен простор, над с. Јосифово, каде што гори нискостеблеста шума.
РЦУК Струмица известува дека на терен интервенираат екипи на територијалната противпожарна единица Валандово со 6 пожарникари и 2 противпожарни возила
Пожар на депонија – Визбегово, Скопје правец кон Шуто Оризари
Пријавен е пожар на депонија со можност за проширување.
Известена е Противпожарната бригада на Град Скопје која постапува по пријавата.
Инцидент со мечка – село Селце, Општина Тетово
Пријавен е инцидент во кој мечка нападнала две домашни животни. Едното било изедено, а другото повредено. Настанот го пријавило лице кое утринава пристигнало на местото и го затекнало инцидентот.
СВР Тетово изврши увид на терен и состави записник.
15.06.2025 - 15:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа