И Мексико најави возвратни царини за увоз на стока од САД
И Мексико ќе одговори на воведувањето царини од 25 отсто од страна на САД за стоки кои доаѓаат од Мексико со воведување возвратни царини за стоки од САД, без да наведе детали.
Вака информација објави мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум која додаде дека во недела ќе објават на кои американски производи ќе има царина.
Сепак, како што вели, најверојатно порано в четврток ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп.
„Нема никаков мотив, ниту причина, ниту оправдување што ја поддржува оваа одлука што ќе влијае на нашиот народ и нашата земја“, рече Шајнбаум.
04.03.2025 - 23:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа