И денеска пекол жешко: Температури до 36 степени

 

Времето денеска во државата ќе биде претежно сончево со умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе достигнува брзина од 60км/ч. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени, соопшти УХМР.

Во Скопје, сончево со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Од утре следува период на стабилно и потопло време со постепен пораст на дневнaтa температура.

29.06.2025 - 10:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега