Хорор на автопат: Тежок предмет фрлен врз камион од мост кај Стајковци, возачот повреден
Вчера околу 20.00 часот во СВР Скопје, В.С.(44) од Косово пријавил дека околу 18.40 часот на автопатот „Mајка Tереза“, додека управувал товарно возило „мерцедес“ со косовски национални ознаки, од мостот кој води од с.Стајковци кон с.Брњарци, Скопско, бил фрлен тврд предмет кој го оштетил предното ветробранско стакло, а тој се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.
12.06.2025 - 15:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа