Хорор кај Петровец: Тргнал на средба со пријателка, па го пресретнале со пиштол и го ограбиле
Вчера во 21.15 часот во СВР Тетово, Ј.К.(43) од село Голема Речица, тетовско, пријавил дека истиот ден околу 17.30 часот на подрачјето на Петровец, скопско, откако претходно договорил средба со негова пријателка од Куманово, бил пресретнат од две машки лица со патничко возило, од кои едното вооружено со огнено оружје, и со закана му одзеле пари и мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
06.07.2025 - 13:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа