Хаос во Романија: Ветрот собори билборди и дрвја
Бурата Рената стигна и до Романија, каде што беа издадени предупредувања за поплави поради силните бури и дождови.
Издадени се предупредувања за поплави за реките во шест окрузи, додека половина земја е под метеоролошки предупредувања за невреме и дожд.
На планините врнежите се претворија во лапавица и снег.
Во средата наутро снежниот слој изнесуваше 52 сантиметри во туристичката област Балеа Лац, на над 2.000 метри во планините Фагарас, каде температурата е само два степени.
Најголеми проблеми на западот од земјава предизвика ветерот кој урна дрвја и билборди.
Вработени во Службата за вонредни состојби интервенирале во повеќе градови низ Романија.
Засега нема информации за жртви.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа