Хаос на аеродромот во Белгија: Дојава за бомба во авион на Рајанер

 

Поради дојава за бомба во авион на „Рајанер“, привремено е прекинат целиот авионски сообраќај на вториот најголем аеродром во Белгија – Шарлероа.

Како што информираа од компанијата која управува со аеродромот, нешто пред 11 часот по локално време во авионот кој слетал на аеродромот Шарлероа, било пријавена дека имало закана за бомба, соопшти компанијата кој е оператор на аеродромот.

„Околу авионот е воспоставен безбедносен периметар, што бара затворање на пистата и суспендирање на сите операции“, стои во соопштението.

Патниците и натаму не се евакуирани, објави локалната телевизија РТЛ, но не прецизираше дали станува збор за патниците од авионот, или за патниците од аеродромот.

13.05.2025 - 18:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега