Гужви на македонска-грчка граница: МВР вели дека сите човечки капацитети се во функција
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во моментов има зголемена фреквенција и проток на патници и возила на Граничниот премин Богородица-Евзони кон Р.Грција.
Отворени се пет ленти за излез од Р.С.Македонија и пет ленти за влез во Р.С.Македонија.
Од страна на МВР се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, се разбира со спроведување на задолжителните гранични проверки.
21.07.2025 - 13:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа