Градоначалникот на Белград му сврте грб на Вучиќ: Нема да биде дел од Движењето за народ и држава
Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, изјави дека нема да биде дел од Движењето за народ и држава, иницирано од претседателот Александар Вучиќ.
На прашањето како раководството на партијата реагира на неговите јавни настапи, Шапиќ истакна дека не сака да зборува за тоа што другите мислат за неговото однесување.
-Веќе реков што мислам за начинот на разурнување на оваа земја, вели тој.
Шапиќ не присуствуваше на собирите по повод формирањето на Движењето за народ и држава на Вучиќ.
-Јас секогаш сум јасен и веќе реков што мислам за тоа, за епските борби против обоени револуции. Веќе тогаш реков што мислам за начинот на кој се урива и разурнува оваа земја. Што се однесува до Движењето за народ и држава – не сум дел од тоа, ниту ќе бидам. Јас сум член на Српската напредна странка, заклучи Шапиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа