Гори Галичица - зафатен македонскиот, но и албанскиот дел

 

Од вчера гори шумата на планината Галичица. Пожарот, кој избувнал вчера на територија на Република Албанија ја зафатил шумата и на територија на Република Северна Македонија.

„Вчера во 14 часот, градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески по претходна координација со надлежните од Национален парк “Галичица” испрати барање до Центарот за управување со кризи за ангажирање на летало, за проценка на пожарот и за спроведување на активности за гаснење од воздух.

Според првичните информации, од пожарот е зафатен шумски потег со високо стеблеста шума, на непристапен предел и нема опасност од проширување кон населени места.

За сите информации во врска со шумскиот пожар, јавноста ќе биде тековно и навремено информирана“, велат од Општина Охрид.

31.08.2021 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега