Голем пожар во Морани: Магацин и две возила изгореа, сопственикот со изгореници
Вчера во 13.11 часот во СВР Скопје е пријавено дека во село Морани, скопско, настанал пожар во магацин сопственост на Ш.З.(58) од истото село.
Од пожарот се зафатени патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Р.З. и патничко возило „Фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Е.З.(33) од село Морани а опожарени биле и разни други предмети.
Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а Ш.З. се здобил со повреди-изгореници по рацете.
Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.
20.07.2025 - 14:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа