Голем пожар доцна синоќа во Лисиче - Гореа бараки, едно лице е повредено
Голем пожар доцна синоќа ја зафати скопската населба Лисиче, при што целосно изгореа две куќи, а една е делумно оштетена, пренесува порталот Скопјеинфо.
Според првичните, неофицијални информации, огнената стихија избувнала на улицата „Ѓорѓе Андреевиќ“, во една од бараките, од каде се проширила со голема брзина. Како што пренесува Скопје инфо гаснењето било дополнително отежнато поради азбестните плочи што биле дел од покривната конструкција на објектите, што создало опасност и за самите пожарникари.
Неофицијално, сајтот пренесува дека пожарот започнал од фрлен пикавец, а потоа молскавично се проширил на околните бараки, предизвикувајќи сериозна материјална штета и паника кај жителите.
Според информациите едно лице во чиј дом наводно започнал пожарот, е потешко повредено и е пренесено во болница.
Повеќе детали за причините и последиците од пожарот се очекуваат во текот на денот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа