Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија

 

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со две победи во квалификациите успеа да избори пласман на ИТФ W75 турнирот што се игра во унгарскиот град Секешфехервар.

Ѓорческа денеска по голема борба и дуел што траеше повеќе од два часа (2 часа и 11 минути) ја совлада Романката Андреа Присакариу со 2-1 во сетови (3-6, 6-1, 7-6(3)).

Во првото квалификациско коло, македонската тенисерка ја совлада Унгарката Мелинда Биро со 2-0 во сетови.

Ѓорческа, која беше втора носителка во квалификациите сега ја очекува жрепката за главниот турнир, кој се игра за награден фонд од 60.000 долари

10.03.2025 - 21:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега