Герасимовски: Во Центар се работеше над политиката – за граѓаните и нивните потреби
Последните четири години покажавме како се води локална самоуправа, поразлично од сите досегашни раководства во Центар, како и во другите општини. Работевме во интерес на граѓаните, креирајќи програми и буџети заедно со нив, преку бројни буџетски форуми, анкети, маалски средби и посети на граѓани. Ги ислушавме нивните предлози и идеи и, заедно со мојот стручниот тим, колегите од општината и со советниците, ги реализиравме, покажувајќи дека сме големи и различни, докажувајќи како се сака локалната самоуправа и се работи во интерес на граѓаните, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во интервју за „Слободен печат“.
Герасимовски истакна дека Советот на Општина Центар функционирал како едно во изминативе четири години, без разлика на различните советнички групи или политичка припадност.
„Можеби сме единствена општина која за претседател на Советот има член на друга политичка партија, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција“, посочи градоначалникот, потенцирајќи дека во локалната самоуправа не треба да се меша политиката.
„Јас така функционирам четири години и така планирам да продолжам. Во изминативе години покажавме големина и како треба да се води локалната самоуправа. Имаме реализирано голем број проекти во мојот мандат, за што искрено сум горд“, рече Герасимовски.
Блискоста и слухот за потребите и барањата на граѓаните, како и резултатите кои дојдоа токму поради ваквата соработка, беа мотив да побарам уште еден мандат, додаде тој.
„Со поддршката на граѓаните, со кои и за кои работиме, верувам дека ќе ја добиеме шансата да ги реализираме следните капитални проекти што се ставени во програмата, која наскоро ќе се објави. Ова е дел и од отчетот што ќе го промовираме оваа недела, за да покажеме што сме реализирале и што планираме да реализираме во следниот мандат“, заклучи Герасимовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа