Генерална проба за вежба со 42-метарската скала на Пожарна предизвика паника кај скопјани

Генерална проба за вежба со новата 42-метарска скала на Противпожарната единица предизвика паника кај скопјани. Низ центарот на градот можеа да се слушнат сирени од полициски, противпожарни и возила на Итната медицинска помош.
Извори за Пресс24 велат дека станувало збор за генерална проба, со оглед на тоа што вежбата е закажана за утре.
Командантот на скопската Бригата, Владимир Симоновски во изјава за СДК.МК вели дека се вежба за презентација за јавноста.
-На почетокот на месецот скалата стигна од Будимпешта и вежбаме за презентација за јавност и медиуми што ќе ја имаме утре, вели Симоновски за СДС.МК.
Скалата ја купи Град Скопје за 1,7 милиони евра. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период обвинуваше дека Загреб купил истата таква скала, но за пониска цена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









