Гаши во Лондон: Зајакнување на соработката во одбраната со Обединетото Кралство

 


Во рамките на официјалната посета на Лондон,  претседателот на Собранието Африм Гаши и делегацијата што ја предводи имале средба со Тан Деси, претседател на Комитетот за одбрана и членови на Комитетот.

Собраниската прес-служба соопшти дека на средбата се разговарало за билатералната соработка меѓу Република Северна Мкедонија и Обединетото Кралство во сферата на одбраната и безбедноста, преку тековните проекти за зајакнување на армиските и воените капацитети на земјата.

Се разговарало и за улогата на двете земји како сојузници во НАТО Алијансата, преку придонесот во колективната и глобалната безбедност, како и во Парламентарното собрание на НАТО.

-Претседателот на Комитетот за одбрана, Тан Деси, изрази задоволство од средбата и информираше за активностите на Комитетот во светло на актуелната дебата во Обединетото Кралство за зголемување на стапката на придонес на 2,5 отсто од БДП за одбраната и постигнување на таргетот од 3 отсто во следните 10 години. Соговорниците дискутираа за поддршката на Украина која не смее да престане, за потенцијалните безбедносни предизвици во регионот на Западен Балкан доколку истиот остане неинтегриран во Европската Унија и за пречките во евроинтеграцијата на РС Македонија предизвикани од билатерални проблеми и кои не се во корелација со Копенхашките критериуми. Стана збор и за влијанието на дезинформациите во политиката како закана кон демократијата и како да се најдат начини за сузбивање на лажни вести и содржини креирани од вештачка интелигенција, се наведува во соопштението. 

Гаши ја пренел подготвеноста на Собранието „за одржување потесна соработка меѓу парламентите во доменот на одбраната, со размена на искуства во одбранбената и безбедносната сфера, во насока на збогатување на севкупните односи меѓу двете држави“. 

26.02.2025 - 18:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега