(ФОТО+ВИДЕО) 80 години ризница на знаењето со покрив што протекува

 

Денеска, Националната Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје одбележува значаен јубилеј – 80 години од своето постоење. Оваа институција, како чувар на знаењето и културното наследство на Македонија, за жал, својот јубилеј го дочекува во состојба на занемарување и пропад.

Иако е симбол на образованието и културата, библиотеката се соочува со сериозни инфраструктурни проблеми. Еден од најголемите проблеми е протекувањето на покривот, поради што во просториите се собира вода во кофи. 


На свеченоста по повод јубилејот, директорот на библиотеката јавно апелираше до државните институции за помош. 


06.12.2024 - 12:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега