ФОТО: Вечер ќе светне новогодишната елка на плоштадот Македонија

 

Новогодишната елка што е поставена на плоштадот „Македонија“ ќе светне вечер во 19 часот, како предвесник на новогодишното празнување во Скопје, известуваат од Град Скопје.

-Поради пандемијата од корона вирусот, оваа година светнувањето на новогодишната елка во центарот на градот ќе биде симболично- стои во соопштението.

Градот Скопје апелира до граѓаните кои ќе бидат затекнати на плоштадот, да ги почитуваат препорачаните мерки за заштита, да носат маски и да го одржуваат пропишаното растојание.

На плоштадот „Македонија“ вечер ќе присуствува и градоначалникот Петре Шилегов.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.12.2020 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега