ФОТО: Стотина граѓани блокираа булевар во Аеродром поради загадувањето од Вардариште

 

Стотина граѓани се собраа на протестот кој беше закажан во 18 часот во Аеродром откако два дена низ целата општина може да се почувствува силна смрдеа поради пожар во Вардариште.

Граѓаните блокираа булевар во знак на револт. Побараа надлежните институции да го решат проблемот.

Жителите на Аеродром, особено тие на Ново Лисиче често се жалат дека поради горењата во Вардариште мириса на запалени гума и пластика. И зимските мерења на квалитетот на амбиенталниот воздух покажуваат дека Аеродром е можеби и најзагадената скопска општина.

02.09.2025 - 20:38

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега