ФОТО: Ова е сестрата на Јована Јеремиќ - Водителката никогаш не ја покажала во јавност

 

Јована Јеремиќ е една од најпопуларните српски водителки, а и самата не крие колку е задоволна од успехот во работата, па доста е активна на социјалните мрежи каде често објавува фотографии, видеа и постови за себе. 

Водителката на "Ново Утро" на Пинк Телевизија откако се појави на малите екрани не ја крие својата приватност, но малкумина знаат дека има сестра и брат.

За разлика од Јована која сака да се фали со напорните тренинзи и изгледот, нејзината постара сестра Милица изгледа сосема поразлично од неа, поскромно и поповлечено.

Двете се русокоси и доста наликуваат, но Милица не го сака јавниот живот и камерите.

Инаку, Јована важи за најскандалозна српска водителка. Таа во својата утринска програма често се облекува провокативно, танцува речиси гола, пее...а и покрај различните видови кометари, таа постојано се фали со високиот рејтинг и гледаност.

 

11.04.2025 - 08:48

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега